Достапни линкови

logo-print

Штрајк на вработените во судската администрација


Околу 2,700 административци вработени во Судската администрација во судовите во целата држава стапија во три дневен штрајк за повисоки палти и еднанков третман со другите вработени во правосудството. До штрајкот кој денеска се одржува во кругот на судовите доаѓа бидејќи вработените во судската администрција и помошниот и техничкиот кадар во судовите се нездоволни од решијата во предлогот за донесување закон зашто со него не се решава нивниот проблем на ниски плати туку за нивно постепено зголемување во наредните три години заедно со платите на државната адмиснитрација вели Пеце Грувски од Синдикатот на правосудните органи:

„Ние бараме зголемување, да седнеме да разговараме ќе се договориме лесно. Имаме да понудиме и преодни решенија, значи ние не сме во ситуација да кажеме колку. Не сме дошле до ситуација да ни понудат за да може да кажеме дали е прифатливо или не. До сега, не пројавуваат интерес, баравме и овде во единица со претседателката, но не сака да разовара.“

Од денеска оддложени се сиде судски предмети освен судењата поврзани со кривичните предмети како и итните случаи а луѓето кои денеска незнаејќи за штрајкот наидоа на клуч на вратите

„Денеска имавме судење, дојдовме но има штрајк.“
„Има истакнато на вратата дека до среда ќе има штрајк, ни велат дека ќе бидеме известени.“
„Јас сум од Струга, до овде дојдов со автомобил, и сега пак ќе се враќам, а дојдов за судењето на Македонска банка.“
„Па, добро, службениците имаат право на штрајк, платите се навистина минимални.“


Утре протестот ќе се одржи пред министерството за правда и владата а задутре во работните простории. Вработените во судовите 10 години имаат проблем со платите поради што досега имаше четири штрјка. Последниот беше во мај лани. Претседателот на ССМ Ванчо Муратосвки вели дека немаат ништо против високите палти на судиите, но дека платите на администрацијата се под републичкит просек

„За судиите, фала богу, прашањето е конечно решено, но за администрацијата, прашањето ниту од далеку не е решено. Со 6,7,8 илјади во судовите. Јас знам, а и сите во Македонија што значи кошничката на прехрамбени производи.“

Во синдикатот на УПОС велат дека по разговорите со претставници од владата и од министерството за правда и резултатот што ќе биде постигнат ќе знаат дали ќе продолжат со порадикални протести во наредните денови.
XS
SM
MD
LG