Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Русија бара од генералниот секретар на ОН јасен став за Косово


Русија побара денеска од генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки мун јасно да го определи својот став за Косово по објавувањето независност, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи Александар Боцан Харченко. ,,Ние внимателно го следиме развојот на ситуацијата во Косово и ја очекуваме седницата на Советот за безбедност. Резолуцијата дванаесет четириесет и четири е се уште на сила, независно што Приштина ја наруши, изјави Боцан Харченко.
XS
SM
MD
LG