Достапни линкови

Брисел: Претставници на ЕУ повикаа на мир на Балканот


Претставници на Европската Унија денеска повикаа на мир на Балканот и на обединост на Европа во врска со прогласената независност на Косово. Словенија, која во моментов претседава со Европската унија очекува „многу“ од дваесет и седумте земји членки на Европската Унија да го признаат Косово како независна држава. Ова го изјави словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел по пристигнувањето во Брисел на средба на министрите за надворешни работи на Унијата. Шефот на британската дипломатија пак, Дејвид Милибанд изјави дека е најбитно Унијата да покаже дека сите земји од Западен Балкан се европски земји и зато треба да им обезбеди мир и стабилност.
XS
SM
MD
LG