Достапни линкови

logo-print

Се слави во Скопје, Тетово, Гостивар и неколку други градови


Прослави за независноста на Косово и во Македонија, на плоштадот Скендер Бег во Скопје, како и на плоштадите во Тетово, Гостивар, Струга и Дебар. Се јавува дека се слушале пукотници од огнено оружје во некои делови од Скопје. Портпаролот на Владата Ивица Боцевски изјави дека во земјата внимателно и претпазливо ќе се следи развојот на состојбите во регионот во наредниот период. Во врска со евентуалното признавање на Косово, Боцевски рече дека ,,Македонија при носењето на било каква одлука ќе се води од националниот и држаавен интерес на своите граѓани,,. Во меѓувреме пратеничката група на ДУИ побара од државниот врв на Македонија да го признае Косово како самостојна и суверена држава. Во седиштето на партијата во Тетово декларацијата за признавање на Косово денеска ја потпишале сите 15 пратеници на партијата. Инаку, повикот за прослава на косовската независност на централните плоштади, го упати ДУИ, додека од ДПА која е дел од владечката коалиција апелираа граѓаните, независноста на Косово да ја прослават дома во мирна и достојна атмосфера.
XS
SM
MD
LG