Достапни линкови

Ванчо Муратовски, претседател на ССМ. Синдикатот и пречи на сегашната власта и затоа таа поддржува алтернативен синдикат


Г-дине Муратовски дали по скоро шест години колку што сте на оваа функција можете да кажете дека работникот во Македонија денеска има поголеми права, отколку порано?

Мислам дека е општо познато дека работникот со влегувањето во новиот систем или да речеме во стариот систем, капиталистички, од година во година има се помалку права. Ние во изминативе 17 години како држава направивме многу измени на законот за работни односи и други стратешки закони и во сите нив се намалуваа одредени права. Синдикатот за жал во времето кога се приватиризираше се во Македонија, не беше нависината на задачата и некако пасивно изгледа ги набљудуваше работите и дозволи голем дел од правата да се изгубат.

Во јавноста се има впечаток дека ССМ троши многу повеќе време да докаже кој е репрезентативен синдикат во земјата, отколку што всушност и се занимава со проблемите, со заштита на правата на работниците?

Она што во јавноста постојано се турка како желба на ССМ да се занимава во репрезентативноста е само враќање на топката на некои од Владата, кои упорно протежираат некаква друга конфедерациија која има занемарлив број членови, тоа им е сосема јасно, впрочем и надворешните фактори и синдикати доаѓаат главно тука и со нас имаат комуникација и тоа јасно покажува кој е репрезентативен Синдикат. Меѓутоа ССМ очигледно им пречи особено на сегашните власти бидејќи е моќен, и влијателен, а тие сметаат дека е ,,остаток,, од некое друго време и спротивен според нив на нивните интереси и барања и затоа си бараат синдикат кој ќе се ,,залепи“ на нив и ќе им аплаудира. Значи пред се е пропагандата во јавноста, и голем дел од медиумите кои морам да кажам се настороени кон Владата, ССМ и УПОЗ ја занемаруваат нивната вистинска дејност и работа, туку се занимуваат со некои периферни работи. ССМ уште еднаш ќе кажам не и одговара на власта, бидејќи сметаат дека е нивни противник најмногу поради тоа што во времето на изборите во 2002 година на тркалезната маса што ја направи ССМ со сите прави, економскиот дел на програмата на тогашната опозиција беше најблизок до она што го баравме ние, и поради тоа добија само во економскиот дел и тоа беше се. Но, најверојатно ВМРО ДПМНЕ и нивната коалиција неможе да го заборави тоа и затоа си избира и измислува нов Синдикат.

Дали сметате дека тогаш направивте грешка, кога ја поддржавте програмата на Коалцијата за Македонија заедно?

Не сметам, народот не треба да биде со кусо паметење и да не заборави дека Македонија тогаш одеше во пропаст со војната што се случи и со се што се случи како огромни кражби на народниот имот и тогаш требаше да се направи тоа. Ние направивме една огромна кампања од мај до јуни во тоа време и во таа кампања беа испитани преку 200 илјади испитаници и 84% од нив беа да се смени таа власт и да даде поддршка на опозицијата тогашна. Значи Муратовска не ја даде таа поддршка, ако е за воља на вистината, Муратовски беше за сопствени независни кандидати, да излеземе на изборите.

Г-дине Муратовски се соочувате ли со притисоци во вашата работа?

Дали мислите дека претседателот на ССМ и самиот ССМ може да биде имуна од притисоци од власта, дали од оваа или било која? Не постои власт на Балканот, овдека власта смета дека ако разговара со Синдикатот, ќе ја дели власта. Не е точно. Ако сме сакале да бидеме власт ќе формиравме партија и ќе дојдевме на власт. Но ние несакаме, ние сме синдикат. Сигурно има притисоци, тоа се суптилни притисоци... еве неповикување на преговори и потпишување на Колективен договор со некакви други ,,ситни синдикатчиња„, зборување за најниска плата од опозициски партии што не е нивна работа. Настрана друго што претпоставувам дека сите овие помагала што ги имаме за комуникација се под супервизија. Претпоставувам дека секој зборче што сега го кажувам, сега веќе се слуша во центарот. Ова не го зборувам на памет, бидејќи уште во првата фаза кога дојде на власт оваа позиција, пред десетина години овде се најдоа некои ,,бубачки“ и во телефоните и во останатите нешта. За жал и другата опција Социјалдемократска истото го правеа, и тие слушаа што подготовува Претседателот и ССМ.

Колку често барате и остварувате конткати со Владата?

Можеби ќе ви биде смешно, но ние секој ден бараме со пишани текстови или преку телефон за средба или со премиерот или со други министри. И знаете каков одговор добиваме, премиерот е на состанок, е зафатен, министерот не е тука ќе ви се јави... А јавувањето не се случува никогаш. Значи, да се оствари контакт со најголемиот дел од министрите и со премиерот е буквално ,,да родиш мечка.“
XS
SM
MD
LG