Достапни линкови

Две илјади полицајци, судии, обвинители и други администрацивци ќе ја заменат мисијата на ОН


Европската Унија го одобри испраќањето мисијата ЕУЛЕКС на Косово, во чиј состав ќе бидат околу две илјади полицајци, судии, обвинители и други административци, кои, во рок од 4 месеци, ќе ја заменат мисијата на Обединетите Нации - УНМИК. Мандатот на ЕУЛЕКС ќе биде да го помогне развојот на косовските институции, правосудството, како и зајакнување на мулти-етничкиот судски, полициски и царински систем. Најголеми учесници во мисијата ќе бидат Германија, Франција, Италија и Велика Британија, а ќе има персонал и од земји што не се членки на Унијата, како Хрватска, Норвешка, Турција, Швајцарија и Соединетите Држави. Специјален претставник на Унијата на Косово ќе биде Питер Фејт, а шеф на мисијата ЕУЛЕКС Ив Де Кермабон. Одлуката на Европската Унијата доаѓа ден пред најавеното прогласување на независноста на Косово, а ниедна земја – членка немала забелешки. Министрите за надворешни работи на Унијата, на состанокот во понеделник ќе се обидат да утврдат заеднички став за Косово. Се очекува, Велика Британија, Франција и Германија да го признаат Косово меѓу првите, заедно со Соединетите Држави. Русија, пак соопшти дека доколку Косово утре прогласи независност, Москва веднаш ќе побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации на која ќе побара поништување на таквиот чин. Во Србија, пак, се најавуваат протести против прогласувањето независност на Косово.
XS
SM
MD
LG