Достапни линкови

Граѓаните задоволни, се штедат време и пари, а работниците се љубезни, велат тие


Две години од официјалното воведување на едношалтерскиот систем во земјава, повеќето од граѓаните се задоволни од неговото функционирање. Ако порано ни требаше скоро еден месец да регистрираме фирма или да завршиме некоја друга работа во централниот регистар, сега услугата е многу побрза и поефикасна, велат повеќето од нив.

„Можеби еден месец најмалку требаше, а сега за три дена се прави фирма и со помалку пари.“
„Многу се љубезни, веднаш завршив.“
„Дојдов само да прашам, а всушност ќе ја завршам работата.“


Дојдов со барање вчера, а завршив работа денеска, пријатно беше изненаден еден од граѓаните присутни во централниот регистар.

„Вчера поднесов, денеска земав, а нема турканици. Не знам дали вака ќе биде.“

Во функција на олеснување на долгите процедури и намалување на потрошеното време на корисниците за да дојдат до потребните информации, во централниот регистар од неодамна функционира интернет дистрибутивниот систем. Тој е достапен 24 часа. Претплатникот на истиот со претходна уплата од 10 000 денари има право на негово користење, а автоматски по секоја пребарана информација се одбива надоместок во согласност со тарифата на централниот регистар.

„Пред се е наменет за големите корисници, адвокати, нотари, кои добиваат историјат за секој субјект, сите промени и до скенираните документи од 1 јануари 2006,“

вели Емил Јакимовски од Централниот регистар

Иако оттаму велат дека нивните истражувања покажале дека нема незадоволни граѓани откако е спроведена оваа реформа, се уште има револтирани корисници на овие услуги.

„Немаат однос, катастрофа се, може да се каже полошо од било кога, и ако ти каже нешто не е со цел да ти помогне туку да те откачи.“

Како дел од спроведувањето на регулаторната гилотиња, од неодамна централниот регистар ги намали цените на своите услуги за 50 проценти.
XS
SM
MD
LG