Достапни линкови

logo-print

Потребна е конструктивност и слушање на посредникот Нимиц, велат извори од државниот врв


Пораката од Вашингтон е дека треба да се слуша посредникот Метју Нимиц во спорот со уставното име и дека треба да се биде конструктивен во преговорите, велат извори од државниот врв. Во мегувреме во земјава се пласираа дури и предлози што ке следат. Од владата се категорични дека ставот на македонската страна е познат:

„Во изминатиов период имаше многу шпекулации во медиумите за ова, но владата и премиерот потцртаа дека ставот на Репулбика Македонија во однос на името останува непроменет. Овој став е консензуално утврден помеѓу сите политички фактори во оваа држава,“

изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски кој укажува дека нема сомнение дека кога станува збор за Македонија разговорите ќе продолжат во пријателски и конструктивен дух:

„Меѓутоа, Република Македонија и натаму останува конструктивен учесник во процесот кој се одвива под покровителство на господинот Метју Нимиц.“

Проценките во земјава по средбите на американската државна секретарка Кондолиза Рајс со шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Антонио Милоошски и Дора Бакојани се дека е несомнено дека пред средбата во Атина притисокот е поголем врз земјава. или дека Македонија е навистина ставена во ситуација да го прифати или остави предлогот што најверојатно ќе следи од Нимиц. Но, во државниот врв велат дека не можат да се коментираат понатамошните чекори бидејки не е доставен предлогот ниту е прецизирано кога ке се случи тоа, дали на самата средба во атина или ке следи по неа. Коментарите ќе следат по официјално доставување на предлог. Дека пораките се категорични кон Македонија говори и изјавата на министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн во која вели членството во НАТО е поважно од името.
Дипломатски извори најавуваат дека постојат варијанти за името слични на онаа што Нимиц ја достави во 2005 што беше прифатлива за Македонија во тој момент, а подразбираше името во кирилична транскрипција во определен преоден период. Сепак дипломатските извори стравуваат дека сега таква односно слична варијанта може во овој момент воопшто да не биде прифатена од владата дури ни за разгледување.

Викендов пак следи кординација меѓу претставниците на државниот врв во пресрет на средбата во Атина.
XS
SM
MD
LG