Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Средба на Буш и Бан Ки Мун, една од темите Косово


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и американскиот претседател Џорџ Буш на денешната средба во Вашингтон, меѓу другото, ќе разговараат и за Косово. Ки Мун синоќа имаше средба и со државниот секретар Кондолиза Рајс. До овие состаноци доаѓа по вчерашната вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која Србија повтори дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово, но оти нема да употреби сила како против потег на најавениот потег на Приштина.
XS
SM
MD
LG