Достапни линкови

Различни очекувања меѓу Србите и Албанците во Македонија


Преставниците на албанската и српската етничка заедница во Македонија со различни очекувања за ефектот од едностраното прогласување на независност на Косово. Едните очекуваат провокации, другите прослави. Македонските експерти со став, нарушување на безбедноста нема да има.

Преставниците на албанската и српската етничка заедница во Македонија со различни очекувања за ефектот од едностраното прогласување на незавинсот на Косово. Во меѓувреме во очекувањето на викендовз за кога според некои најави Приштина ке прогласи независнот и девте старни заземаат спротивни позиции. Додека Албанците очекуваат прослва Иван Стоиљковиќ претсдетал на демократската партија на србите во Македонија веке собира потписи од пратнеиците за декарација со која собранието би го осудиоло нарушувањето на постајабите граници на државите. Стоиљковиќ вели дека очекува провокации од страна на Албанците кои што живеат кај нас:

„Србите во Македонија ќе го сочуваат својот мир скоро сигурно, но не сме сигурни дека другата страна ќе покаже разумност, како и до сега што не покажувала разумност, така што од тој аспект, јас ќе ги повикам Србите да останат мирни, да го сочекаме развојот на настаните, па дури тогаш да можеме да преземеме некои мерки со кои евентуално ако бидеме провоцирани би се заштитиле.“

Со сосема спротивно милсење е пратенкиот од редовите на демокртакта унија за интеграција Азис Положани. Тој ја отфрла можноста за евентуално предизвикување на Србите од старна на Албанците.

„Не знам што мислел господинот Стоиљковиќ со тоа, но јас не очекувам да бидат провоцирани. Можеби во склоп на некои активности кои се диригирани од Белград, некоја група би посакувала да провоцира нешто со што би ги аргументирала своите ставови.“

Сепак вели тој не е исклучена еуфорична реакција кај нив и обратна кај Србите

„Но, мислам дека и таа реакција и оваа не може да се подигнат на такво ниво за тие да предизвикаат ниту меѓусебни, ниту општи несакани ефекти. Мислам дека сите се свесни во Македонија за потребата од заокружување од овој процес.“

Според професотот од воената академија Стојан Кузев нема можнсота за дестабилизација на земјава предизвикана од етничките заедници.

„Мислам дека овие малцински национални заедници во Република Македонија имаат изградено доволно државен идентитет, дека се граѓани на Република Македонија и некои случувања кои би биле турбулентни, и би значеле нарушување на безбедноста не очекувам.“

Несогалсувањата околу незавинсота деновиве кулминираат и на мегународен план. Рускиот амбасадор во Евроспката Унија Владимир Чизов најави дека земјите кои што ке го признаат Косово ќе се соочат со негативни последицуи врз нивниот однос ос Русија.
XS
SM
MD
LG