Достапни линкови

Отежнат извоз во ЕУ за македонските производи без Ц-Е потврда


Македонските извозници во ЕУ се соочуваат со потешкотии поради немањето лабораторија во Македонија за издавање Ц-Е цертификат што означува дека производот ги задоволува основните критериуми за безбедноста на здравјето и заштита на човековата околина.

Немањето на лабаратории за цертифицирање и издавање на Ц-Е ознаки на македонските компании им го отежнува извозот на нивните производи. Стојче Смилевски заменик генерален директор на една фирма за производство на кочници за автомобили посочува дека овој сертификат го набавувале од странство со низа проблеми.

„Добивањето на Ц-Е ознака и неможноста да се добие во Македонија претставува голем проблем за целото стопанство. Во западна Европа резервоарите треба да имаат соодветна Ц-Е ознака.“

Ознаката Ц-Е преставува трговски пасош за производите што доаѓаат од земјите кои не се членки на Европската Унија, посочува Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија:

„Кога производот го има тој знак, тој не подлежи на контроли и докажувања при влезот,“

вели Тасевска и додава дека ова ознака треба да ја имаат сите производи со исклучок на храната:

„Храната си има посебна легислатива, меѓутоа сите производи, како машини, бојлери.“

Таа исто така посочува дека веке постои можност самите фирми да си го издаваат овој цертификат:

„Покрај регулативата од ЕУ и припремањето на нашите фирми, веќе е отворена можноста и самите фирми да акредитираат свои лаборатории.“

Граѓаните пак не се запознаени што означува ова ознака на производите. Како што велат тие при купувањето гледаат производот да е поефтин.

„Никогаш не сум забележал.“
„Еве, сега си земам поефтино, гледам тоа.“


Знакот Ц-Е означува дека производот ги задоволува основните критериуми за безбедноста на здравјето и заштита на човековата околина, содржани во Директивите на производи.
XS
SM
MD
LG