Достапни линкови

logo-print

Владата бега од обврските поради неколку причини, оценка на експертите


Владата бега од обврските од неколку причини - да не ја загрози позицијата, да не испадне дека е слаба, не постои доволно доверба меѓу оние кои некогаш биле на спротивна страна, а денес можеби се и партнери и низа други причини, вели аналитичарот Мирјана Малевска. Професор Имер Исмаили додава дека Македонија е во фаза кога и е потребно учеството на мегународните претсвници.

По вчерашното потсетување од американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ до политичарите дека мајскиот договор е обврска за Македонија за нејзиното евроатлантско интегрирање и денеска претставниците на меѓународната заедница се категорични дека не треба да се бега од тоа. Како што велат тие, тоа го повторуваа и повеќе американски и европски претставници за време на нивните посети на земјава.

Аналитичарите сметаат дека преостанатите две обврски од овој договор, регулирање на употребата на јазиците на заедниците во Mакедонија и правна рамка за правата на припадниците на поранешна ОНА, не се исполнувааат поради фактот што надлежните поточно владата бега од обврските и тоа поради неколку причини

„Да не ја загрози позицијата, да не испадне дека е слаба, не постои доволно доверба меѓу оние кои некогаш биле на спротивна страна, а денес можеби се и партнери и низа други причини.“

изјави аналитичарот Мирјана Малевска која додава дека тоа не е случај само во Македонија кога зборуваме за договори постигнати со учество на мегународната заедница:

„Познато е од историјата дека низа Договори на Балканот што ги преземале државите не ги почитувале и секогаш требало да дојде некоја надворешна сила за да наложи почитување на договор. Тоа на некој микро план се случува денес во Македонија, во оснос на законот за јазици,“

вели Малевска.

Некои аналитичари сметаат дека Mакедонија сеуште е во фаза кога и е потребно учеството на мегународните претсвници на тој начин:

„Штом се вклучи меѓународниот фактор, барем јас лично им верувам, имам доверба, зашто имаат и искуство и знаење и ја сакаат Македонија ваква и помагаат на некој начин, а не дека наметнуваат нешто,“

изјави професор Имер Исмаили од Штуловиот универзитет во Тетово.
XS
SM
MD
LG