Достапни линкови

Ќе бидат изведени дела од славните американски композитори Гершвин и Берштајн


Увертирата Смешно лице и сегменти од првата американска народна опера Порги и Бес на Џорџ Гершвин и Симфониските танци и свитата од мјузиклот Приказна од западната страна на Леонард Бернштајн, чија филмска адаптација од 1961 година беше наградена дури со 10 оскари, се делата што Македонската филхармонија ќе ги изведе на концертот насловен како „Љубов“. Со оркестарот ќе раководи Доријан Вилсон, еден од последните ученици на Берштајн, на 24 годишна возраст победник на Интернационалниот натпревар за диригирање Николај Малко и прв Американец кој, по пауза од 15 години, застанал на подиумот пред Московската филхармонија. Солисти ќе бидат црномурестите Гвенет-Ан Џеферс и Родни Кларк. Џеферс е една од водечките млади сопранистки во Велика Британија со исклучително широк репертоар, а особено вниманието на критиката го привлекува поради нејзиниот талент за моќна сценска трансформација. Баритонот Родни Кларк, пак, ги завршил студиите на Кралската Академија во Лондон, добитник е на повеќе награди и признанија и чест гостин на светските сцени особено во улогите во современите дела.

„Некои од овие композиции особено увертирата од операта Смешно лице од Џорџ Гершвин за прв пат ќе биде изведена во Македонија. Исто така и симфониските танци од Леонард Бернштајн. Мислам дека публиката навистина ќе ужива во овој концерт.“

истакнува Маја Чаначевиќ Ѓуркова, директорката на Македонската филхармонија.
Со секој купен билет за овој концерт кој чини 300 денари, посетителите ќе ја добијат на подарок книгата Милина која претставува избор од македонската љубовна лирика во издание на книгоиздателството Табернакул.

„Милина“ ќе биде едно продолжено уживање заедно со концеротот и се надевам публиката ќе има можност многукратно да ја прочита, особено што навистина изборот е прекрасен.“

дополнува Ѓуркова. Инаку, веќе следната седмица, во редовниот термин во четврток од 20 часот, со нашиот национален ансамбл ќе диригира славниот Чарлс Оливиери Мунро, солист ќе биде кларинетистот Максимилијано Мартин, во тек се и подготовките за продолжението на започнатата серија симфониски џез концерти во рамките на која се очекува настапот на гитаристот Тони Китановски и американскиот трубач Грег Хопкинс, а паралелно ќе течат и извонредно популарните едукативни настапи за најмладите што Македонската филхармонија ги оджува во соработка со Музичката младина.
XS
SM
MD
LG