Достапни линкови

Кој може да стави крај на кршењето на законите од страна на градоначалниците во Македонија?


Преголема слобода во работењето, недоволни контроли и низок степен на отчетност на градоначалниците ги овозможуваат сеуште законските прекршувања особено во делот на финансиското работење. Во многу општини не е воведен системот на самоконтрола поради скепсата кон него која потекнува од логиката градоначалникот го плаќа а овој треба да го контролира неговото работење. Засега Советите на општините немаат многу контрола во трошењето на општината, вели претседателот на Советот на општина Дојран Зоран Аризанов.

„Мислам дека главна функција на Советот, контрола што ја врши во трошењето на финансиските средства е гласањето на буџетот. Тука престанува улогата на советот.“

Следната изнстанца е државната ревизија и Аризанов смета дека нејзините контроли треба да бидат почести. Во државниот завод за ревизија велат дека честопати прават ревизија доколку се одобри барањето на советот на општината.

„Еднаш годишно се гледаат буџетите на сите корисници на единиците на локална самоуправа. Доколку во ревизорските извештаи овластениот државен ревизор утврди дека има извесни наоди и елементи на незкаонско работење тогаш тие се исппраќаат до надлежните органи за натамошна постапка,“

Вели портпаролот на Државниот завод за ревизија Мијалчо Дургутов. Не се ретки извештаите во кои државниот завод за ревизија утврдува неправилности во работењето на одредени општини. Последните извештаи утврдуваат финасиски прекршувања во работењето на општина Штип во јануари и претходниот месец за Градот Скопје.

За останатите прекршувања на законите од страна на општините надлежни се соодветните министерства.

„Доколку реагираат соодветните институции, не секаде во законот е децидно тоа кажано и регулирано за тоа да може да се спречи,“

појаснува градоначалникот на општина Гази Баба, Коце Трајановски.
XS
SM
MD
LG