Достапни линкови

logo-print

Србија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН


Србија побара итна седница на Советот за Безбедност на Обединетите Нации поради, како што се наведува екстремно опасната ситуација на Косово, кое според, навестувањата би можело да прогласи независност во Недела или Понеделник. И додека од Приштина доагаат изјави дека процесот на косовската независност не може да биде спречен, Белград соопшти дека утре ќе донесе одлука за однапред да ги поништува сите акти за прогласување држава на територија на Србија.

Амбасадорот на Србија во Обединетите Нации Павле Евремовиќ барајки седница на Советот за Безбедност во писмото образложи дека ситуацијата на Косово е екстремно опасна поради завршните подготовки за прогласување независност. На Косово имено велат дека денот на прогласувањето на независноста е познат – Недела навечер на 17 ти, или Понеделинк наутро на 18 фебруари. Според српскиот амбасадор Евремовиќ таква декларација би значела кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедности со кој е воспоставена администрација на Обединетите Нации и е дозволен влез на трупите на НАТО, но со која се гарантира и територијалниот интегритет на Србија. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин го подржа српското барање за седница со оглед на, според него, опасниот развој на настаните. Српскиот Премиер Воислав Коштуница пак порача.

„Донесовме одлука, владата на Србија во четврток, однапред да ги поништи сите противправни акти за едниострано прогласување независност на оваа лажна држава на тлото на Србија. Нема да дозволиме ни момент да постои една таква творба и затоа таа треба да биде поништена истиот момент кога под водство на терористи ке биде нелегално прогласена.“

Српскиот воен аналитичар Љубодраг Стојадиновиќ уверен е дека не би требало да се очекува позначаен воен ангажман. Според Стојадиновиќ српската војска и по прогласувањето независност ќе дејствува пред се во насока на прелевање на евентуалната напнатост во Србија и на југот на Србија.

„Сметам дека прогласувањето на независноста на Косово би значело една доста трауматична ситуација во политичкиот живот на Србија и Советот за национална безбедност треба да има во предвид начините на кои би биле ангажирани безбедносните сили доколку се случи нешто што сега не може да се предвиди.“

Поранешниот косовски премиер и актуелен градоначалник на Митровица Бајрам Реџепи упати апел до граѓаните за воздржаност на денот на прогласувањето и им препорача да избегнуваат евентуални можни провокации.
XS
SM
MD
LG