Достапни линкови

Маневар за добивање политички поени, оценка на аналитичарите


И покрај проценките на аналитичарите дека мајскиот договор е во интерес на припадниците на албанската заедница во Македонија, препукувањата мегу ДПА и ДУИ продолжуваат. Од ДПА велат дека го доведуваат во прашање договорот од 29 мај меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, бидејќи доколку бил основан ке бил и реализиран досега, а немаше да останат отворени прашањата за употреба на јазиците на заедниците и правата на припадниците на поранешна ОНА

„Во моментов бараме дали тоа може да се реализира што поскоро или да се повлечат од тој договор,“

изјави Гариб Каба од ДПА

Рафиз Алити од ДУИ укажува дека поголем дел од обврските се реализирани, затворено е прашањето за составот на Комитетот на заедниците, утврдена е листата на закони што ке се усвојуваат со бадентер. Тој најавува дека наскоро ке се најде решение и за двете отворени прашања

„Секако дека очекуваме многу брзо во собраниска процедура да бидат и законите за јазици и за борците,“

изјави Алити. Според него обвинувањата на нивна адреса се неосновани, бидејки интерес на ДПА од тоа е да го зголеми својот рејтинг и позиција во владата:

„ДПА со самиот факт што влезе во влада без политичка агенда секако дека сега се труди да критикува, бидејќи очигледно е дека нивната позиција во оваа влада е многу инфериорна,“

вели Алити.

Од ДПА пак најавуваат дека за оваа агенда наскоро лидерот Мендух Тачи ке разговара со премиерот:

„Сигурно претседателот на партијата и премиерот имаат своја агенда и во текот на овие денови сигурно ќе има разговори и во врска со овие точки и агенда,“

Аналитичарите сметаат деа препукувањата се неосновани, бидејки тоа се прашања посебно од интерес на албанската заедница.

„Се работи за дневно политички маневар за кревање на рејтингот, но мислам дека ќе има негативни последици,“

изјави политикологот Дане Талески кој укажува дека со тоа тие испраќаат погрешна слика кај меѓународната заедница за состојбата во Македонија.
XS
SM
MD
LG