Достапни линкови

Сараево: Церемонија по повод откривање спомен плоча за 11-те припадници на АРМ кои загинаа


Во кампот на ЕУФОР во Бутмир кај Сараево денеска ќе биде одржана церемонија по повод откривањето спомен плоча на 11-темина припадници на АРМ кои загинаа пред еден месец во хеликоптерска несреќа. Во присуство на делегација на македонската армија, предводена од началникот на генералштабот Мирослав Стојановски, спомен плочата ќе ја открие командантот на ЕУФОР, шпанскиот генерал Игнасио Виљалаин.
XS
SM
MD
LG