Достапни линкови

Брисел: Министерот за надворешни работи Милошоски во посета на Белгија и Луксембург


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Белгија и на Луксембург. На средбите со своите домаќини, министрите за надворешни работи на Белгија и на Луксембрург, Карел де Гихт и Жан Аселборн, се очекува да бидат разменети мислења околу интензивирањето на билатералните политички и економски односи, за реформите што ги спроведува македонската Влада во насока кон целосна интеграција во Европската унија, како и за македонските очекувања на наредниот Самит во Букурешт да биде упатена покана за членство во НАТО. Министерот Милошоски, како што соопшти МНР, со своите соговорници ќе размени мислења и за состојбите во регионот, со посебен акцент на прашањето за Косово.
XS
SM
MD
LG