Достапни линкови

Институцијата се грижи за нас, но неизвесноста започнува по излегувањето од Домот, велат децата


„Во домот престојувам 7 години, четвртта година сум во „Кочо Рацин“ смер моден креатор, планирам да се школувам понатаму, да се запишам на некој добар факултет. Потоа се гледам на некое добро работно место.“

Ова е 17-годишната Јасмина Милковска која со со своите четири сестри веќе седум години се дел од домот без родители 11-ти Октомври. Јасмина вели дека домот им ги пружа сите оние можности кој се потребни за да успее во животот:

„Во установата има многу можности кои што можат да се искористат, едно е школувањето, а потоа има и многу проекти, работилници кои што можат да ни помогнат понатаму.“

Во моментов во домот 11-ти Октомври има околу 80-тина штетеници кој се на возраст меѓу 3 – 18 години. Максимално сме посветени на овие деца се обидуваме да им го надоместиме она што што најмногу им фали, а тоа е родителската љубов, вели директорот на домот без родители 11Октомври, Дарка Петрушевска:

„Државата во овој момент навистина води грижа за овие деца и недозволуваме ниту едно дете да го оставиме на улица.“

Во изминативе неколку години државата успеа да обезбеди станови токму за децата без родители. Не за сите, но барем на некои им се насмеа среќата. Имаше и такви кои беа вработувани во некои од големите македонски комапнии:

„Имаме склучено договор со Тинекс и сите деца кои што досега завршиле се вработуваат во Тинекс маркетите.“

„Тие им излегуваат во пресрет во помали периоди. Ги злоупотребуваат и ги третираат како заостаните, досега има многу младинци еве ние на пример преку 50-тина вработивме преку Здружението, но тие самите си напуштаат.“


Кажа Илија Јовановиќ, претседател на здружението за деца без родители „Иднина“. Секоја година по десетина деца од домовите без родители ги напуштаат овие институции. Со наполнувањето на 18 –та година, домот без родители нема повеќе обврска да се грижи за нив, а со тоа почнува и вистинскиот пекол на овие деца. Потресни судбини на повеќе генерации деца се преплетуваат:

„Имам доставено писмо до две фирми и очекувам одговор.“
„Примам 8,500 денари. Вода плаќаш, струја плаќаш, а сакаш и да си купиш нешто.“


Раскажуваат поранешни штитеници на домот без родители „11 Октомври“.
XS
SM
MD
LG