Достапни линкови

Аналитичарите очекуваат нов предлог за името, но не очекуваат разврска до самитот на НАТО


Освен билатералните односи и состојбите во регионот во контекст на косовското прашање, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски на средбата на американскиот државен секретар ќе разговара и за спорот со Грција

„Ќе стане збор за спорот со Грција, за билатерланиот спор со Грција кој се наметнува од страна на оваа држава како услов за наш прием во НАТО. Нормално е дека очекуваме од САД да продолжи поддршката,“

изјави Васко Андоновски од МНР.

Кога станува збор за спорот со Грција за следната средба најавена за во Атина дипломатски извори очекуваат дека ке има нов предлог од посредникот Метју Нимиц. Ова следи по отфрлање на рамката што Нимиц ја понуди во Скопје кон крајот на минатата година, а за која воопшто не се разговараше на средбата во Охрид што се одржа минатиот месец. Дипломатски извори велат дека она што може да следи од Нимиц е тројна формула или уставното име за билатералните односи, поинакво од уставното име за мегународните организации каде Грција е членка и име за билатералните односи со Грција. Притоа не ја исклучуваат можноста последните две имиња да бидат исти па да се говори за модифицирана двојна формула, а не во буквална смисла тројна формула.

И некои од аналитичарите проценуваат дека е можно да се очекува нов предлог но не прецизираат дали по средбата во Атина или самитот на НАТО во Букурешт

„Некаков предлог ќе има и тоа ќе биде на некој начин американски потег кон Грците, за поканата за НАТО ја дозволат без противење. Мислам дека таквата комбинација е во игра,“

изјави Љубомир Фрчкоски професор на Правниот факултет во Скопје кој смета дека не е реално да се очекува решение до Букурешт.

„Па, реално не би било можно освен ако не се случи спектакуларен престврт на позициите, најверојатно на Грција, но тоа не е реално да се очекува,“

вели Фрчкоски.

Во меѓувреме во јавноста се пласираат веке предлог имиња што како што се вели ги форсира Атина. Од државниот врв во контекст на тоа не ги коментираат тие предлози бидејки како што велат како и досега, па така и во иднина ќе се коментираат само официјалните предлози на медијаторот.
XS
SM
MD
LG