Достапни линкови

logo-print

Дили: Ранет претседателот на Источен Тимор


Претседателот на Источен Тимор Жозе Рамос Орта е ранет во денешниот напад во неговиот дом во главниот град Дили. Рамос Орта, добитник на нобеловата награда за мир во 1996-та година, во тешка состојба е пренесен во болница во Австралија. Во престрелката загинал еден од телохранителите, а бил убиен и водачот на бунтовниците Алфредо Реинадо. Денеска бил нападнат и премиерот на Источен Тимор, Ксанана Гусмао, но тој не е повреден.
XS
SM
MD
LG