Достапни линкови

Пресметките меѓу албанските партии може да влијаат на безбедноста, оценка на аналитичарите


Полицијата е подготвена да се справи со сите предизвици на безбедносен план иако последните кавги меѓу партиите во албанскиот политички блок повеќе наликуваат на политички маркетинг, отколку на некаква закана велат од министерството за внатрешни работи по последните интензивни препукувања меѓу Демократската Унија за интеграција и Демократската оартија на Албанците.

„Полицијата е подготвена и располага со сите капацитети да се справи со какви било нарушувања на безбедносен план,“

изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Мислењата на стручната јавност се поделени. За некои од аналитичарите вербалните пресметки меѓу албанските партии, не треба да се потценуваат. Ако револтот на граѓаните неможе институционално да се контролира, тогаш е доведена во прашање безбедноста во земјава, смета проф. Јетон Шасивари од Тетовскиот Универзитет

„Може да имаат влијание врз безбедноста во Република Македонија, но и врз евро интегративните процеси на Република Македонија, затоа што 2008 година е клучна за интеграцијата во ЕУ и во НАТО.“

Се додека конкретните кавги не добијат етнички предзнак, не би требало да очекуваме безбедносен ризик, вели политикологот Ненад Марковиќ од институтот за демократија.

„Ваквото препукување не носи поголем потенцијал за дестабилизација сам по себе, доколку нели не се извлече од овој контекст, и не се стави во еден вон системски, пред политички контекст. Тоа би било лошо. Бевме сведоци во последните 15 години дека било каква акција на полицијата добиваше грда меѓуетничка димензија што конечно треба да престане да се случува.“

Аналитичари се согласуваат дека тензичните односи меѓу партиите се политички маркетинг и обид на опозицијата да го сврти вниманието на јавноста.

Последните препукувањата на релација ДУИ и ДПА се случија по објавувањето на видео снимка од испрашувањето на Хебиб Ахмети, еден од приведените во полициската акција Планисна бура во тетовското село Бродец. ДУИ обвини дека снимката е доказ за насилството што врз Амети го приименила полицијата и побара одговорност од министерката Гордана Јанкуловска. На вчерашната прес-конференција ДПА одговори дека таквите информации се сензационалистички и се само обид на ДИУ повторно да дојдат на власт.
XS
SM
MD
LG