Достапни линкови

logo-print

Кабул: Привремено затворена норвешката амбасада


Норвешката амбасада во Кабул е привремено затворена порадии безбедносни причини. Од норвешкото министерство за надворешни работи соопштија дека се уште не се знае до кога ќе биде затворена амбасадата. Во јануари, во бомбашки напад беа убиени неколку лица во хотел во Кабул, меѓу кои и еден норвешки новинар. Норвешка има околу 500 војници во Авганистан, како дел од меѓународните сили на НАТО.
XS
SM
MD
LG