Достапни линкови

Брисел: ЕУ наскоро ќе донесе одлука за оперативниот план за мисијата на Косово


Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Хавиер Солана изјави дека Унијата наскоро ќе донесе одлука за оперативниот план за мисијата на Косово. Сметаме дека ЕУ има обврска да продолжи да помага во процесот на стабилизација на регионот. Тоа е нашата позиција и во таа насока ќе се движиме, рече Солана на крајот од тридневната Конференција за безбедносна политика во Минхен.
XS
SM
MD
LG