Достапни линкови

Како и да се реши Косово, Албанците во Македонија и јужна Србија ќе бараат поголема автономија


По извештајот на американската разузнавачка заедница во кој се укажува дека како и да се реши статусот на Косово, албанското малцинство во Македонија и во јужна Србија веројатно ке продолжи да бара уште поголема автономија, од македонските надлежни институции информираат дека ситуацијата се следи интензивно како во земјава, така и во регионот пошироко.

„За сега, според сите параметри и сознанија и според заклучоците и размената на информациите меѓу службите во државата надлежни за следење на безбедносните прашања не постојат посериозни закани, закани од поголем обем за Република Македонија,“

изјави Иво Котевски од Министерството за внатрешни работи.
Од разузнавачката заедница во Македонија проценуваат дека засега не се очекуваат поголеми проблеми, ниту дека е забележана поголема раздвиженост во таа насока.

И аналитичарите се согласни дека без разлика на тоа каков статус ке добие Косово или како ке се одвива процесот на осамостајување на покраината незадоволство може да се очекува, но евентуалната цел поголема автономија нема да се реализира

„Доколку Косово добие неограничена самостојност, апсолутно ќе се појави незадоволство во јужна Србија и во северниот дел на Косово кај српското население. Во спротивно, истото би се случило и со косоварите, односно Албанците од Косово,“

изјави Благоја Марковски од балканскиот безбедносен форум кој додава дека и во двата случаи може да се очекуваат тензии, но дека групациите кои би ги создавале немаат таква мок да создаваат поголеми кризни жаришта, туку тоа би било на локално ниво

„Што се однесува до Република Македонија познавајќи го проблемот на поврзани садови тие може да се прелеваат и во Македонија, но тие не може да создаваат ниту на Косово, ниту во јужна Србија, ниту во Македонија поголеми кризни жаришта,“

вели Марковски.

Аналитичарот Кијани Нухиу смета дека радикалзација е можна само само во случај на одолговлекување на решавање на косовскиот статус:

„За проблемот што би се отворил во јужна Србија и Македонија, мислам дека Албанците во јужна Србија ќе се иднесуваат исто како и Србите на северно Косово,“

изјави Нухиу.
XS
SM
MD
LG