Достапни линкови

Сериозна криза во владата во Белград


Европската Комисија го одложи потпишувањето на ,,политичкиот договор„ со Србија поради како што е соопштено ,,опструкциите,, од одредени политичари во Белград. Противењето на српскиот премиер Воислав Коштуница договорот да биде потпишан предзвика сериозна криза во владата на Србија.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен изјави дека потпишувањето на политичкиот договор со Србија се одложува поради противењето на одредени политичари во Белград.

„Длабоко жалам поради опструкциите од одредени политичари во Белград кои го блокираат потпишувањето на договорот. Според мое мислење, тие ја испуштаат можноста да го слушнат гласот на српскиот народ кој на изборите минатата недела се изјасни за европска иднина на Србија, за подобар живот и подобри права на граѓаните.“

рече еврокомесарот Рен. Противењето на српскиот премиер Воислав Коштуница Белград да го потпише Политичкиот договор со Брисел, предизвика сериозна криза во владата на Србија. Коштуница деновиве го нарече понудениот договор од страна на ЕУ ,,измама“. Ова го истакнува и Зоран Лончар актуелен министер за одбразование и член на Демократската партија на Србија чиј лидер е Коштуница:

„Србија отсекогаш ги отфрлала уцените, од кого и да доаѓале и уврен сум дека и оваа уцена ќе биде отфрлена. Доколку Србија и покрај одлуката на ЕУ да испрати мисија за создавање на независно Косово, го потпише договорот со Бриселе, тогаш тоа би значело дека Србија прва ја признава независноста на Косово.“

вели Лончар. Од друга страна, министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ кој доага од Демократската партија на Борис Тадиќ која се залага за потпишување на договорот истакнува:

„Јас сум уверен дека никој нема да се обиде да ја спречи реализацијата на изборната воља на граѓаните.“

И Претседателот на Европското движење во Србија Живорад Ковачевиќ посочува дека по исходот од претседателските избори е неоддржливо непотпишувањето на договорот:

„На тоа нема право ниту владата, со оглед на резултатот од изборите што покажа мнозинска определба на граѓаните за приближување во ЕУ. Тој договор не утврдува никакви нови обврски за Србија. Договорот значи едноставно охрабрување, порака до српските граѓани дека Европа смета на Србија како на своја идна членка.“
XS
SM
MD
LG