Достапни линкови

Хаг: Судењето на тројца хрватски генерали почнува на 11 март


Судењето на тројцата хрватски генерали - Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач почнува на 11 март, соопшти Хашкиот суд и му нареди на Чермак, кој единствен го чека судењето на слобода, да се врати во притвор на 5 март. Готовина се наоѓа во притвор од декември 2005 кога е уапсен по четири години бекство, а Младен Маркач од 30 декември 2007 година кога е вратен во притвор поради кршење на правила на престој на слобода, односно поради учество во лов на диви свињи заедно со хрватскиот министер за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG