Достапни линкови

И покрај заокружувањето на правната рамка, видливи резултати нема, оценка на стручната јавност


И покрај заокружување на правната рамка за реформа на судството и обвинителството видливи резултати нема, едногласни се претставниците на стручната јавност. За разлика од законите за судството, оние за јавното обвинителство се усвоија неодамна.
Од министерството за правда информираат дека во тек е постапката за спроведување на законот за јавно обвинителство и советот на јавни обвинители. Оттаму најавуваат дека кон крајот на овој месец ке започне формирањето на советот

„Заврши веќе огласот за пријавување на кандидати за Советот на јавни обвинители, и ќе се врши избор од редовите на обвинителите на 22 февруари,“

изјави министерот за правда Михајло Маневски

Роза Топузовска Каревска укажува дека проблемот зошто се доцни со спроведување на законите во правосудната област е поради тоа што во фазите на негово усвојување не се прават анализи за применливост за новите норми, и по нивно усвојување многу често следат измени

„До донесувањето на законот треба да се вклучи целата фела и оној којшто го спроведува законот.“

Таа додава дека не е допуштено да се доведува во прашање примената на законот во таа мера што ке се кочи целиот процес на реформи како во правосудната област, обвинителството и судството

„Одреден процент пропусти се можни, но тој не смее да биде толку голем за постојано да се прават измени и дополнувања на законот.“

Агим Мифтари, судија на Врховниот суд вели дека не може да се видат резултати посебно во делот на побрзи постапки заради фактот што во законската регулатива има прави празнини. Кон крајот на минатата година е предложена нова стратегија од министерството за правда за реформа во кривичната област. Со неа се предлага за да се скратат судските постапки да се најде решение за доставтата на судските покани, бидејки поради неуредна достава се одлагаат рочиштата, потоа се предлага да се скратат роковите за жалбената постапка и слично. Според Мифтари сето ова требаше да се направи многу порано. Тој објаснува зошто работите се одолговлекуваат и има проблеми во спроведување на законите:

„Последниот збор го имаат оние што ги предлатаат законите. Не секогаш работните групи што ќе ги предложат текстовите се прифатени од предлагачот, а и предлозите од предлагачот не се прифатени од пратениците во Собранието. Тука сме немоќи.“
XS
SM
MD
LG