Достапни линкови

logo-print

Учениците учат за оценки, не за знаење, сметаат наставниците


Полагањето на пробната матура што не ја поминаа половина од средношколците што доброволно се пријавија да ги проверат своите знаења ги исфрлина површина наследените проблеми во образовниот систем, дека не се учи за знаење туку за добивање високи оценки, коментираат просветните работници. Наставниците не се изненадени од постигнатиот резултат и велат дека пробната матура треба да послужи како коректор во иднина:

„Ниту едно дете веќе не учи за да го научи тоа, туку за да добие петка. Веројатно и матурата беше со таа цел. За да се прекине со петките. И самите наставници се деградираат, меѓутоа тука првата генерација ќе биде експериментална.“

„Се покажа оваа матура дека во четврта година не се работи на матурскиот испит, се работи од прва година. Да се оди кон квалитет во образиванието,“

изјавија Горица Илиевска од Здружението на средните училишта во Скопје и професор Јулија од скопско средно училиште.

Државната матура што покажа послаби познавања на материјата, иако пробно тестирање кое дава насоки за во иднина се покажа како проблем за првата генерација. Имено, матурата е услов за упис на државните факултети, но сеуште не се знае каков ќе биде соодносот на резултатите постигнати во изминатите четири години и успехот на матурскиот испит, зашто за ова треба да се договорат ректорите на универзитетите.

Во меѓувреме деновиве, издавачките куќи најавија жалби за изборот на учебници за прво одделение со обвинувања дека за три од одобрените учебници на издавачката куќа Просветно дело авторите се некомпетентни. Според дел од наставниците ова е показател дека треба да се обрне внимание на улогата на Бирото за развој на образованието. Други сметаат дека е во прашање бизнис меѓу издавачките куќи:

„Битен фактор за квалитетот е учебникот. Значи, да се оди кон квалитет на содржината.“
„Тука е бизнис во прашање. Затоа има незадоволство.“


Но, од ова најмногу се засегнати учебниците кои потсетуваат дека меѓу другото и од квалитетот на учебниците зависат резултатите што ќе ги постигнат:

„Сепак има реперкусии, ако нема правилно насочување во книгата.“
XS
SM
MD
LG