Достапни линкови

Вашингтон: Стејт Департментот подготвил нов предлог за името, пишува Катимерини


Американскиот Стејт департмент, како што денеска пишува атинскиот весник Катимерини, подготвил предлог за решавање на спорот за името на Македонија. Се наведува дека со предлог се предвидува сложено име за Македонија кое би се употребувало во односите со Грција и во меѓународните организации, додека уставното име земјата би го користела во билатерални односи со другите држави. Но, според весникот, ваквиот предлог најверојатно ќе бил одбиен од Атина која се залага за само едно име.
XS
SM
MD
LG