Достапни линкови

Белград: Закани за пад на владата во случај на потпишување договор со ЕУ


Доколку заменик премиерот на Србија Божидар Ѓелиќ го потпише политичкиот договор со Европската унија ќе падне Владата, изјави српскиот министер за инфраструктура Велимир Илиќ. Во таков случај, како што вели тој, најдобро би било вонредните парламентарни избори да се одржат истовремено со локалните и покраинските, на единаесетти мај. Тој додаде дека преку дипломатски канали пристигнала порака од Русија дека „повеќе нема да може да ги штити интересите на Србија, доколку потпише политичка спогодба со Унијата, бидејќи тоа ќе било вовед за доаѓањето на нејзината мисија на Косово“.
XS
SM
MD
LG