Достапни линкови

Љубљана: Во интерес на Македонија е да изнајде компромис за името со Грција, изјави Јанша


Во интерес на Македонија е да изнајде со Грција компромисно решение за спорот со името, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша по средбата во Љубљана со грчкиот премиер Костас Караманлис. Грција, како што изјави Караманлис, сака решение кое за ниедна страна не би било ниту пораз ниту победа, наведувајќи дека властите во Скопје мораат да сфатат оти компромисот е услов за нивно приближување кон Европската унија. Јанша го поздрави исходот од претседателските избори во Србија. Тој и со оценка дека со оглед на несогласувањата во Белград во врска со потпишувањето на политичкиот договор со Европската унија, може да дојде до одложување на тој чин, предвиден за утре.
XS
SM
MD
LG