Достапни линкови

logo-print

Париз: Франција е за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО, изјави Кушнер


Франција е за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО, нагласи шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер по средбата во Париз со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Кушнер,истакна дека Франција е подготвена да работи со Македонија за нејзино евро-атланско интегрирање. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во рамките на дводневната работна посета имаше средби и со Жан Давид Левит, советник за надворешна политика на францускиот претседател Николас Саркози, со претставници на Парламентарната група на пријателство од сите политички партии во Националното собрание на Франција и со министерот за земјоделство и риболов Мишел Барние.
XS
SM
MD
LG