Достапни линкови

Чад: Бунтовниците прифаќаат итно примирје


Бунтовниците во Чад, кои бараат соборување на претседателот Идрис Деби, соопштиле дека во принцип прифаќаат итно примирје. Еден од лидерите на бунтовниците изјавил за француското радио дека сакаат дијалог и мирно решавање на кризата во земјата, притоа обвинувајки дека француски авиони предизвикале цивилни жртви за време на неколку дневните борби меѓу бунтовниците и владините сили во главниот град на Чад, Нџамена. Советот за безбедност на Обединетите Нации ги повика земјите членки да ја подржат владата во Чад. Франција има околу илјада и 400 војници во Чад.
XS
SM
MD
LG