Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш го објави предлог буџетот на САД за 2009


Американскиот претседател Џорџ Буш го објави предлог буџетот на Соединетите Држави за 2009-та година, кој е рекорден и изнесува 3,1 трилиони долари. Меѓу другото, предвидено е зголемување на воените трошоци за борба против тероризмот и даночни олеснувања за стимулација на домашната економија. Буш оцени дека ова е добар и солиден буџет и побара од Конгресот да го усвои. Опозиционите демократи веднаш го критикуваа предлог буџетот, главно поради предвидениот рекорден дефицит од над 400 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG