Достапни линкови

Позитивно влијание за македонската економија, оценка на експертите


Најавите за издавање под концесија на аеродромите и патиштата во земјава за економистите ќе донесе позитивни резултати во македонската еконномија. Нови вработувања, поголема заработувачка, активирање на други делови од стопанството се само некои од предностите што може да ги понудат новите сопственици на овие објекти, вели проф. Зоран Ивановски од Европскиот Универзитет во Скопје.

„Ќе се зголеми прометот, односно обртот, процесот на работење. Ќе има и други вработувања.“

По неколкуте неуспешни обиди да се даде под концесија скопскиот аеродром, директорот на јавното аеродромско претпријатие Зоран Крстевски, вели дека до крајот на февруари ќе биде распишан уште еден тендер, по што ќе биде избран најповолниот понудувач. Според него постојат неколу компании кои се сериозни кандидати за иден концесионер:

„Берлинската компанија Кохит, виенскиот аеродром, како и некои компании од Франција, Швајцарија, Словенија кои се заинтересирани со конзорциум да се појават на овие тендери.“

Освен подобрување на инфраструктурата и модернизиција на аеродромите со најсовремена опрема, новиот сопственик треба да обезбеди подобри аеродромски услуги и да привлече поголем број на патници посочува Крстевски:

„Направени се основно сценарио, според кое сообраќајот во наредните 20 години ќе расте за 1,5 милиони патници и високо сценарио за 2,5 милиони патници.“

Според законот за концесија аеродромите можат да се дадат под концесија на 30 години. Обврска на концесионерот ќе биде да изгради нова терминална зграда на скопскиот аеродром на околу 25 000 квадратни метри и доградба до 40 000 квадратни метри во следните 4 години, а полетно-слетната патека ќе биде проширена за 500 метра. Инвестицијата треба да изнесува 190 000 евра.

Познавачите на оваа област велат дека издавањето на воздушниот и патниот сообраќај не е невообичаено и за други земји во светот. Како пр. ја посочуваат Малта, која откако го дала под концесија на 65 години својот аеродром на виенскиот, добила двојно повеќе приходи од порано, а вредноста на аеродромот на берзите пораснала за трипати.
XS
SM
MD
LG