Достапни линкови

Нема да има воинствена реторика и замрзнување на односите со земјите кои би го признале Косово


Победата на кандидатот на Демократската партијата Борис Тадич на вчерашните избори во Србија кој има проевропска ориентација ке се одрази поволно врз Македонија и целиот регион воопшто, коментира македонската јавност која додава дека тоа е особено важно посебно поради фактот што следи решавање на косовското прашање. Она што може да се очекува по победата на Тадич е дека нема да има воинтствена реторика, ниту било какви активности на безбедносните сили, кога се зборува за претседателот како врховен командант на армијата, а во делот на надворешната политика нема да има категорични дипломатски активности, замрзнување на односите со земјите кои ке го признаат Косово, она што може да се очекува е амбасадорите да бидат повикани на консултации, велат претставници на државниот врв. Тие додаваат дека е добро што пробивот на Русија во Србија и Балканот воопшто сега ке запре, а тоа е важно поради спротивставените ставови на русија и евроатлантските структури по повеке прашања. Сепак од државниот врв укажуваат и на фактот што резултатите од претседателските избори покажаа дека српското општество е длабоко поделено, но дека тоа нема да се одррази врз Македонија. Владиниот портпарол Ивица Боцевски со коментар:

„Она што можеме да го поздравиме е начинот на кој што вчера се одвиваше изборниот процес во Србија, односно дека од Балканот повеќе не добиваат пораки за чудни изборни циклуси.“

Победа на Тадич е добра вест и покрај малата предност од радикалот Томислав Николич.

„Фактот дека власта останува во рацете на европски ориентирани луѓе е добра вест, затоа што тие со поддршка сега на Европа која разбира дека мора да прави посериозни чекори за интегрирање на Западниот Балкан кон Европа, веќе имаме една подобра перспектива сите ние тука во регионот.“

Изјави Денко Малевски професор на Правниот факултет во Скопје.Аналитичарот Мерсел Билјали смета дека победата на Тадич е само за нијанса подобар момент.

„Практично Србија е во немили води во однос на политичката состојба, тоа неминовно се рефлектира и во нашите односи особено кога сега наскоро ќе има прогласување на независноста на Косово.“

Вели Билјали.
XS
SM
MD
LG