Достапни линкови

Добра вест за европската иднина на регионот, се реакциите од западните земји


Тесната победа на Борис Тадиќ над радикалот Томислав Николиќ на вчерашните Претседателски избори во Србија е добра вест за оваа земја и европската иднина на регионот. Ова се реакциите на официјален Брисел, земјите од регионот и политичките посматрачи на Балканот. Тадиќ подржувач на интеграција со Запад неофицијално победи со 51 насто наспроти про рускиот Николиќ. Иако и двајцата се против независноста на Косово, разликата е во тоа што Претседателот Борис Тадиќ е за членство во Унијата без разлика дали Брисел ќе го признае Косово.

„Би сакал да им честитам на сите граѓани на Србија. Србија е голема демократија, европска демократија и им покажавме каков потенцијал имаме.“

им порача реизбраниот Претседател Борис Тадиќ ноќеска на симпатизерите кои во Србија на плоштадите ја славеа победата со напомена дека прво ќе разговара со против кандидатот Томислав Николиќ кој според гласовите што ги доби заслужува уважување.

„Според досегашните резултати, верувам дека Тадиќ веројатно победи со 2 насто разлика. Ако е тоа така јас му честитам.“

изјави Николиќ . Од Брисел пристигна експресна честитка до Борис Тадиќ. Изборите беа фер и демократски и тоа ќе биде импулс за српскиот пат кон Европската Унија порача Претседателството со надеж дека на 7 фебруари ќе биде потпишана Политичката Спогодбата со Србија како чекор пред Спогодбата за асоцијација и стабилизација добивањето на кандидатскиот статус. Западните земји во секој случај, веста од Белград дека Борис Тадиќ а не радикалот Томислав Николиќ е победник на Претседателските избори е примена со големо олеснување, вели Томас Донели од Американскиот Ентерпрајс Институт.

„Секако од американска и западно европска перспектива оваа вест е олеснување. Ова непосредно ќе ја ублажи кризата околу Косово берам во следните неколку недели.“

И на Балканот победата на Борис Тадиќ на изборите за Претседател на Србија е примена како добра вест. Косовскиот аналитичар Рамуш Тахири на пример вели дека Тадиќ е добра опција поради неговото залагање за европска интеграција на Србија и мирно решавање на косовската криза, иако и Тадиќ е противник на Косовската независност. Во Приштина сметаат дека Белград неможе да влијае врз процесот на прогласување независност но и дека со Тадиќ сепак може да се надгледува делот на статусот кој се однесува на правата на српската заедница. Што се однесува до Русија пак во изјавата на Константин Косачов претседател на Комисиајта за надворешна политика на Думата Москва имаше неутрален статус кон двајцата кандинати. Таа и натаму ке развива добри односи со Србија и ке ја подржува нејзиниот рериторијален интегритет.
XS
SM
MD
LG