Достапни линкови

Техеран: Протеран францускиот амбасадор во Иран


Иранското Министерство за надворешни работи вчера го протера францускиот амбасадор од земјата. Потегот како што јавуваат агенциите е во знак на протест против политиката на Париз кон нуклеарната програма на Техеран. Портпаролот на министерството Мохамед Али Хусеини изјави дека доколку францускиот претседател Николас Саркози продолжи со својот непријателски став Иран ќе го преиспита својот однос кон Франција.
XS
SM
MD
LG