Достапни линкови

Белград: Граѓаните на Србија го избираат идниот претседател


Во Србија денеска се оддржува вториот круг од претседателските избори. Повеќе од 6 милиони и 700 илјади гласачи се определуваат за еден од двајцата претседателски кандидати кои освоија најмногу гласови во првиот изборен круг, радикалот Томислав Николиќ и демократот Борис Тадиќ. Граѓаните со право на глас на Косово ќе можат да гласаат на 277 избирачки места, а гласањето за српските државјани кои живеат во странство е овозможено во 36 земји. Вториот круг од претседателските избори во Србија го следат повеќе од 3.000 странски и домашни набљудувачи.
XS
SM
MD
LG