Достапни линкови

Н`џамена: Жестоки судири меѓу владините сили и бунтовниците во Чад


Бунтовниците во Чад кои водат борби со владините сили, влегле во главниот град Н`џамена и се приближуваат кон претседателската палата каде се наоѓа претседателот Идрис Деби, соопшти францускиот министер за одбрана Херве Морин. Како што јавуваат агенциите, бунтовниците ја имаат контролата врз поголем дел од градот. Франција во оваа земја има две илјади војници и цивили, а француската амбасада побара од нејзините граѓани да ја напуштат земјата. Евакуација на своите државјани побараа и другите амбасади во Чад.
XS
SM
MD
LG