Достапни линкови

logo-print

Дали новиот влаг имиџ на радикалот Николиќ му дава шанси за успех?


Во Србија утре ќе биде одржан вториот круг од Претседателските избори во кој влегоа Актуелниот Претседател Борис Тадиќ и лидерот на радикалите Томислав Николиќ. Прогнозите се дека владее голема неизвесност, иако блага предност му се дава на Борис Тадиќ. Западните аналитичари пак се прашуваат дали новиот благ имиџ на Радикалот Николиќ му дава шанси за успех.

Кој пат ке го фати Србија. Ова е дилемата пред која се наоѓаат гласачите но и домашните и меѓународните посматрачи. За патиштата зборуваше и актуелниот Претседател кандидатот на Демократската Партија Борис Тадиќ на последното соочување со неговиот против кандидат Томислав Николиќ.

„Еден пат ја води Србија кон европската интеграција и според мое убедување тоа е патот кон подобар живот другиот пат ја води земјата надвор од европа. Тоа е патот кој Српската Радикална Партија на Томислав Николиќ и Воислав Шешељ го промовира 17 години.“

Планот на Тадиќ има две цели – членство во Европската Унија и сочувување на Косово како интегрален дел на Србија. Радикалот Томислав Николиќ пак изјави дека тој никогаш не рекол дека Србија треба да оди само во еден правец.

„Србија никогаш нема да биде Руска провинција, но исто така нема да биде ни европска колонија.“

Има еден правец кон Русија и друг со многу пречки кон Европската Унија, појасни Николиќ. Тие пречки треба да се остранат во соработка со Унијата за која рече дека ја посакува независноста на Косово.
Еврокомесарот за проширување Оли Рен изрази надеж дека српскиот народ ќе ја избере европската иднина. Рен смета дека повикот за потпишување на политичкиот договор за соработка како чекор кон потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и договорот за визна либерализација со Унијата е многу силен сигнал за европските перспективи на Србија. Резулатите од истражувањата на јавното мислење пред решавачкиот втор круг претседателски избори во Србија укажуваше дека Борис Тадиќ има мала предност.

„Изборниот рејтинг е многу близок. Постои блага мала предност на Борис Тадиќ. Проекцијата е дека тој би добил меѓу два милиона и 100 илјади и два милиона и 350 илјади гласови а Томислав Николиќ би добил меѓа два милона и два милона и 250 илјади гласови.“

Меѓутоа, Николиќ, ултра националист, како е нарекуван на Запад имаше нов имиџ во кампањата. Веке не е проблематичен , туку се презентира како одговорен во давањето изјави, а тоа е видливо, вели Џејмс Лајон експерт на Меѓународната кризна група.

„Нема сомнеж ако ги погледнете ТВ рекламите дека тој е фин, нежен. Повремено ке избувнеше, но горе долу заврши добра работа со новиот имиџ.“

вели Лајонс потврдувајки на неизвесноста од исходот на српските претседателски избори.
XS
SM
MD
LG