Достапни линкови

Поддршка за Македонија во напорите за ЕУ интеграцијата


Словенија како пријателска земја и моментален претседавач со Европската Унија ја поддржува Македонија во нејзините напори за интегрирање во Унијата и НАТО, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел

„Мислам дека има шанси Македонија уште оваа година да почне со преговори за членство. Ги повикувма македонските пријатели да го почитуваат начелото кое е многу актуелно во унијата, каде сакаме да бидеме единствени, да бидеме флексибилни и солидарни, значи таа да го почитува и ова, бидејки набргу ке стане членка и кога зборуваме за неа, зборуваме за идна членка,“

рече Рупел кој говерјки за евентуално рангирање на земјите од регионот додаде:

„Формално гледано во моментов на листата прва е Хрватска, втора колку што знам е Поранешна Југословенска република Македонија, а бидејќи Словенија сака Балканот да се интегрира може да говориме за Србија , Босна и Херцеговина“

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски рече дека е многу значајно што Словенија како претседавач со унијата на проширувањето гледа како на приоритет. Тој вети дека во земјава ке се продолжи со реформите

„Ние како земја исполнивме многу критериуми и во однос на граничното обезбедување, и во однос на воведувањето нови пасоши и во однос на отворањето и создавањето на еден национален визен центар.“

Милошоски истакна дека Македонија оваа година освен покана за НАТО и датум за преговори со унијата очекува и почнување на разговори за укинување на визниот речим и тоа веста да дојде од еврокоесарот Фратини кој кон крајот на месецов ке го посети Скопје

Во контекст на спорот со Грција, Рупел кој во својство на шеф на словенечката дипломатија го користеше уставното име, а бидејќи неговата земја е претседавач со унијата ја користеше и референцата:

„Јас не мислам дека прашањето за името е главен проблем и предуслов од било каков вид, на тоа не гледам како на пишан критериум во некој документ, но следејки ги дискусиите гледам дека е важно прашање кое треба да се реши. Да нема недоразбирања јас сум на ваша страна“

Говорејќи за регионот поточно за косовското прашање Рупел укажа дека Косово е европски проблем и одговорност на Унијата.
XS
SM
MD
LG