Достапни линкови

logo-print

Локалното население нема доверба во полицијата, тврдат градоначалниците на ДУИ


Локалното население нема доверба во полицијата - тврдат градоначалниците на Арачиново и на Гостивар. Главната вина за недовербата кај граѓаните ја лоцираат во министерството за внатрешни работи. Според првиот човек на Арачиново Музафер Билсими врз драстичното намалеување на довербата на жителите на селото влијаело неодмнашното убиство на Насер Небија од страна на полицијата. Има голема разлика од пред десетина дена до денеска тврди Бислими

„Многу е намалена, бидејќи локалнаа полиција за овие настани не била информирана, ниту беше на терен.“

Бислими вели дека тие се подготвени да направат се за да се зголеми довербата но клучната одговорност ја лоцира кај МВР.

„И таа и до сега и понатаму ќе прави, но со вакви акции полицијата го руши сето тоа.“

Градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта пак трвди дека причината за мегусебниот однос на граганите и полицијата е што во редовите на МВР се вработени партиски луѓе:

„Полицијата не работи во интерес на граѓаните, туку во интерес на партиите на власт. Им дава привилегија само на активистите на партијата на власт.“

Toj додава дека ваквата ситуација ја намалува безбедноста на самите грагани

„На пример во Гостивар има 20-тина активисти од партија и прават нереди, но наместо да се осудуваат и да се приведат, тие ги малтертираат граѓаните.“

Полицискиот портпарол Иво Котевски пак спротивно од Бислими и Бејта вели дека одговоронста е и кај нив како први луге на општините

„Доколку е така, треба да се запрашаат зошто е така и во која насока ги насочуваат граѓаните и колку градат мулти етничка средина.“

Според информациите на МВР вели КОтевски довербата на локалното население во полицијата е зголемена

„Според нашите сознанија, довербата на граѓаните кон полицијата е зголемена, особено во албанските средини.“

На подобрување на соработката измнинативе години заедно до полицјата работи и ОБСЕ. Портапаролот Сали Броутон вели дека досега имаат имплеметирано повеке од стотинаграгански советнички групи а во согласнот со новиот закон за полиција работат и на фомрирање на локални совети за превенција.
XS
SM
MD
LG