Достапни линкови

Чрномиљ: Неформална средба меѓу хрватскиот и словенечкиот претседател


Претседателите на Словенија и Хрватска, Данило Тирк и Стјепан Месиќ денеска во местото Чрномиљ ке одржат неформална средба, која доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Љубљана и Загреб. Главен проблем е решението на Хрватска од 1 јануари да стапи на сила одлуката за прогласување на Заштитен еколошки-риболовен појас во Јадранското Море, без договор со Европската Унија, Словенија и Италија. Брисел, Љубљана и Рим го предупредија Загреб дека тоа би можело да го забави приближувањето на Хрватска кон Унијата.
XS
SM
MD
LG