Достапни линкови

Сивата економија и нелојалната конкуренција главен проблем, сметаат претприемачите


Високи давачки кон државата, нелојална конкуренција, недостиг на извоз на големите пазари, овие се дел од проблемите со кои се соочуваат малите и средни претпријатија во земјава. Иако редовно ги плаќаме давачките, не чувстуваме никакви олеснувања за подобрување на условите во кои работиме, се жалат сопствениците на мали фирми.

„Еден поголем гигант, плаќа десет илјади фирмарина, и ние како малечки плаќаме исто така десет илјади, а кај нас работата е помала,“

изјави Љупчо Ивковски, сопственик наколонијал. Сепак според него поголем проблем претставува нелојалната конкуренција.

„Постои безобразлук меѓу Македонците. Се јадат еден сосед со друг. Ги спушта цените. Не може со пет отсто разлика во цена да работиш. Државата треба да направи нешто, да не натера да не работиме со толку ниски маржи.“

Насуф Саити е сопственик на кланица во Гостивар. Според него пак, давачките кон државата не се високи, но за дејноста во која тој работи најголем проблем претставува отсуството на пласман на странските пазари.

„Кога ќе имате пласман, ќе има работа и за работниците и за нас.“

Од занаетчиската комора на Македонија се согласуваат дека придонесите за здравствено и пензиско осигурување се високи, но признаваат досега не презеле конктретни мерки за нивно намалување. Оттаму најавуваат акција против сивата економија:

„Сега ние издаваме идентификациони картички, која има слика, извод од регистарот и кажуваме дека тој е квалификуван да ја врши таа дејност. Со тоа, имаме постапка да ја внесеме во закон, па одговорноста да биде не само за оној којшто работи на црно, туку и за граѓанинот доколку ангажира нелегално ангажиран работник,“

изјави Снежана Денковска, извршен директор на занаетчиската комора,
Таа посочува дека за постигнување на поефикасни резултати и создавање на поволно економско окружување, потребна е и помош од граѓаните. Денковска апелира секој клиент кој ќе забележи дека оној кој му пружа услуга работи нелегално, треба да го пријави до комората.
XS
SM
MD
LG