Достапни линкови

Политичка одлука што не значи дека Србија порано ќе добие безвизен режим, оценка на политичарите


Оној кој што почнува прв не значи дека задолжително и ќе заврши прв е ставот на евроамбсадорот Ерван Фуере во врска со одлуката на Унијата Србија да започне преговори за целосно укинување на визниот режим пред нас. Во мегувреме кај нас се крена гоклема врева околу оваа понуда на Брисел до Белград. Пратеникот од опозицината ЛДП Андреј Жерносвки вели дека нема потреба од таков однос. Не сум од оние политчари кои што вината ке ја бара во македонската влада и ке ја нападне поради овој случај -додава Жерносвки

„За мене е кристално јасно дека овде се работи за политички момент и мислам дека треба да покажеме зрелост и ние и како таков да го доживееме овој потег, затоа што е јасно дека ова се прави по повод изборите во Србија.“

Според Жерновски, започнувањето на преговорите за визите пред нас не значи дека српските граганите ке добијат безбвизен ситем порано

„Визниот режим ќе се реши за целиот Западен Балкан.“

И пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Александар Спасеновски смета дека одлуката на Брисел е политичка и нема да донесе суштински промени во односот на Унијата кон земјите од регинов:

„Фактот дека Република Македонија малку подоцна ќе ги отпочне преговорите означува само една утврдена динамика, којашто е поврзана со Република Македонија. Во таа смисла пораното отпочнување на преговорите се Република Србија, всушност означува една симболична порака на ЕУ со кого би сакала во иднина да соработува.“

Во интервјуто за Радио Слободна Европа словенечкиот амбасодот во земјава Алан Берган изјави дека очекува дијаголот за целосна визна либерализација Европската комисија да го почне со сите земји од западен блакна истовремено:

„Не го знаеме точниот датум, тоа сигурно ќе биде во првата половина на нашето претседателство, тоа значи со сите држави од Западен Балкан истовремено, но секоја држава ќе се оценува поодделно според своите успеси. И јас тука ја гледам Македонија како еден навистина добар пример, затоа што издавате биометриски пасоши, надзорот, контролата на границите е навистина добра, потоа стапката на корупцијата и организираниот криминал е мала.“

рече Берган. Инаку на 20 февруари во земајава ке допатува потпреседатлот на Евроспката комисија Франко Фратини а по него е најавен посетата и на еврокомесарот Оли Рен. Главни тема на раговорите со македонкиот државен е врв е либерализјата на визниот режим.
XS
SM
MD
LG