Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Советот за безбедност на ОН го осуди насилството во Кенија


Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди поизборното насилство во Кенија и изрази поддршка на посредничките напори на поранешниот генерален секретар Кофи Анан за решавање на кризата. Претходно, специјалниот американски пратеник за Африка Џендаи Фрејзер изјави дека кризата предизвикува етничко чистење меѓу двете ривалски племиња во Кенија. Насилствата избувнаа по претседателските избори кон крајот на минатиот месец и досега во нив загинаа над осумстотини луѓе.
XS
SM
MD
LG