Достапни линкови

Брисел: Претседателот на Романија на разговори со генералниот секретар на НАТО


Претседателот на Романија Трајан Басеску денеска во Брисел ќе разговара со генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер за подготовките за априлскиот самит на Алијансата што ќе се одржи во Букурешт. На состанокот ќе стане збор за Косово, мисијата на НАТО во Авганистан и енергетската безбедност во светот соопшти неименуван извор во Брисел, кој, како што јавуваат агенциите, не сакал да ги коментира наводите во Вашингтон пост дека на идниот самит би требало само Хрватска да биде поканета во Алијансата, а не и Албанија и Македонија, бидејќи со нивната неподготвеност би внесле нестабилност во НАТО.
XS
SM
MD
LG