Достапни линкови

Приштина: Косово ќе се ангажира за изградба добрососедски односи, изјави Хашим Тачи


Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Косово ќе се ангажира на изградба добрососедски односи со сите држави од регионот, вклучувајќи ја и Србија.
„Имаме добри односи со Македонија, Црна Гора и Албанија. Се надевам и ќе се залагам по прогласувањето независност на Косово да имаме нормални односи и комуникација и со Србија“, рече тој во интервју за Би Би Си. Тој повтори дека сите активности на институциите на Косово ќе бидат во координација со меѓународните партнери и оти идната меѓународна мисија е добредојдена на Косово.
XS
SM
MD
LG